Најголемиот тематски парк „Леголенд“ во светот е отворен во југозападниот округ на кинескиот град Шангај.
Локалните власти очекуваат забавниот комплекс да привлече околу 2,4 милиони посетители годишно.
Шангајскиот „Леголенд“, кој се простира на 318.000 квадратни метри, содржи осум тематски области, 75 атракции и хотел со 250 соби.
Посетителите можат да видат илјадници модели на Лего направени од над 85 милиони делови.
Централниот дел на комплексот е „Миниленд“, павилјон со минијатурни модели на кинески знаменитости, вклучувајќи го крајбрежјето на Шангај, финансискиот центар со облакодери, Забранетиот град во Пекинг, Кинескиот ѕид и други.
Во зависност од сезоната, билетите за деца чинат помеѓу 31 и 66 долари, а за возрасни помеѓу 44 и 83 долари.