Освен Стефан и Тара Ѓоковиќ, на турнирите често ја гледаме и бринетата која беше покрај семејство Ѓоковиќ на вчерашниот натпревар на Вимблдон.
Многумина се прашуваа која е таа, и иако постои многу мистерија околу неа, познато е со што се занимава.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, деновиве се обидува да стаса до нов трофеј на Вимблдон, а неговото семејство и тимот го бодрат од трибините.
Сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ, и нивните деца Стефан и Тара се најголемите поддржувачи на спортистот, а за време на неговиот вчерашен натпревар, убавата бринета која седеше до децата на тенисерот привлече големо вниманието.
Имено станува збор за дадилката на Стефан и Тара, која беше во ложата на српскиот тенисер и на некои претходни турнири. Меѓутоа нејзиното име како ни други детали не се познати.
Но покрај тениските турнири, исто така имавме можност да ја видиме со семејството Ѓоковиќ низ целиот свет, беше со децата на Новак и на плажата во Марбеља, каде што тенисерот има куќа.
За да стане дадилка во семејството Ѓоковиќ, таа морала да исполни неколку критериуми, меѓу кои познавање на педагогија и странски јазици. Некои медиуми пишуваа дека морала да потпише договор за доверливост на податоци за да не бидат откриени деталите од приватниот живот на Ѓоковиќ во јавноста.
Се подразбира дека таа ги практикува родителските методи што ги застапуваат Јелена и Новак, а сопругата на српскиот тенисер повеќепати јавно прозборе за тоа како таа и тенисерот гледаат на воспитувањето на децата.
„Стефан и Тара се првата генерација деца во нашето семејство кои никогаш не добиле ќотек. Јас го добивав од моите родители, а пред мене мајка ми, татко ми, баба ми и дедо ми, а и Новак исто така. Верувам дека тоа што не одговараме на грешките и погрешното толкување на емоциите со насилство навистина може да го промени светот. Мислам дека ова е голем квантен скок во менувањето на историјата и иднината“ истакна Јелена во едно интервју.