[ВИДЕО] Стинг и неговиот невербален внук Акира: Прегратка што ги топи срцата ширум светот за Денот на таткото

Кармин

19/06/2025

20:41

1.159

Големина на фонт

а а а

Музичарот Стинг ги растопи срцата на фановите ширум светот со видео во кое се гледа како споделува нежен момент со своето внуче Акира, кој е роден со сериозни проблеми во развојот.

Во видеото, кое го објави неговата сопруга Труди Стајлер по повод Денот на таткото, 73-годишниот Стинг едвај ги задржува солзите додека малиот Акира нежно го допира по лицето. Во кадарот е и мајката на детето, актерката Мики Самнер — ќерката на Стинг и Труди.

„Среќен Ден на татковците и дедовците, Стинго – татко и сакан дедо. Ти благодариме за твојата грижа, љубезност и за сè што си за своите деца и внуци“, стои во описот на видеото кое допре многумина.


Мики Самнер и Акира во 2021 година снимија фотосесија за магазинот „Ромпер“, при што актерката отворено зборуваше за тешките моменти по дијагнозата на нејзиниот син, кој има ретка генетска состојба.

„Тој е невербален, не оди, тешко слуша на двете уши, има хипотонија и заостанување во развојот. Но, без разлика на сè, има способност да се поврзе со луѓето на начин кој прави тие да се чувствуваат видени и сакани. Тој е како сонце. Мое малечко моќно сонце“, изјави Мики тогаш.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk