Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан поттикна гласини дека „била под нож“ откако ја фотографирале папараците во Лос Анџелес. Главна тема на коментарите беше нејзината тенка половина.
Имено таа носела јакна, топ, хеланки и потпетици со шпиц. Иако Ким одамна драстично ослабна, многу корисници на социјалните мрежи веруваат дека таа се подложила и на липосукција на стомакот.
„Ова е навистина премногу“, „Тажно е да се видат познати личности како повторно промовираат слабост“, „Тенката половина, болниот тренд од почетокот на 2000-тите, се враќа. Тажно“, беа дел од коментарите.
Кардашијан претходно ги негираше гласините дека се подложила на какви било козметички зафати. Се пофали дека нејзиниот обем на половината е 60 сантиметри благодарение на нејзината тогашна тренерка, Мелиса Алкантара. Пред тоа изјави:
„Ќе почнам со „луда“ диета. Видов бодибилдерка на Инстаграм која се здебелила 32 килограми за време на бременоста. Нејзиното дете сега има шест години, а таа „се преполовила“, рече таа.
Инаку Кардашијан ослабе девет килограми пред три години поради фустанот на Мерилин Монро кој го носеше на Мет Гала.
„Навистина сакав да го носам овој фустан. Беше навистина важен за мене. Всушност ме научи многу за мојот начин на живот и здравје, и оттогаш продолжувам да се хранам здраво“, изјави Кардашијан.