5 работи кои децата треба да ги знаат до својата петта година – која е нивната важност?

Кармин

10/06/2025

11:00

575

Големина на фонт

а а а

Вашите малечки престануваат да бидат „мали“ и преминуваат во постарата група во градинка, па полека се подготвуваат за претшколска возраст.

Со оваа транзиција доаѓаат многу можности детето да ја покаже својата независност и одговорност. Во оваа доба децата многу помалку пружаат отпор кога станува збор за учењето, така што токму овој период е совршен за усвојување на некои корисни информации.

Децата под пет години можат да ги следат упатствата кога знаат дека нешто е опасно, но од петтата година почнуваат да ги сфаќаат и причините поради кои постојат безбедносни правила.

Основни лични информации

Освен своето име и презиме, детето од пет години треба да ги знае имињата на своите родители, браќа и сестри, како и потесните членови од семејството. Исто така треба да ја знае својата адреса на живеење, името на градот и државата во која живее. Важно е детето да го знае и телефонскиот број од своите родители. Сите информации неопходно е детето да ги усвои.


Што треба да направи доколку се изгуби

Петгодишно дете треба да има чувство за тоа кои луѓе претставуваат опасност по него. Меѓутоа, вие како родители треба да му помогнете на своето дете да идентификува безбедни странци од кои ќе побара помош доколку се изгуби. Важно е на детето да му кажете дека доколку се одвои од вас, треба да се обиде во опкружувањето да најде друг мајка или татко со деца и да ги замоли за помош.

Забрането е отворање врата без присуство на возрасни дома

Децата го обожуваат звукот на ѕвончето и чекаат можност некој да заѕвони на врата за да отворат. Природно е да се возбудат кога ќе го слушнат тој звук во домот, меѓутоа важно е да му објасните на детето дека никогаш не треба да отвора врата доколку во домот нема некој возрасен.

Извршување лесни домашни обврски

Кога детето ќе наполни пет години тоа ќе сака да ви покаже колку е способно и независно. Како резултат на тоа очекувајте да ви нуди помош при извршување на разни домашни обврски. Грешка е да ја одбивате помошта од детето затоа што неговото помагање му дава чувство на важност. Погрижете се тоа да бидат работи кои детето може безбедно да ги изврши, како поставување на масата за вечера или ручек или собирање на играчките на крајот од денот.


Повикување на бројот на Брза помош

Децата на 5 години треба да знаат што да направат во случај на некоја итна ситуација. Секогаш дома мора да постои телефон, без оглед на тоа дали е фиксен или мобилен којшто детето ќе може да го употреби при итна ситуација.

Поминете со детето низ неколку реални сценарија кои би можеле да се случат за тоа да стекне слика за тоа кога е потребно да повика брза помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk