Луѓето секојдневно користат некои вообичаени предмети за домаќинство без да помислат дека тие би можеле да му наштетат на нивното здравјето бидејќи содржат опасни хемикалии.
Во овој поглед, гастроентерологот Саураб Сети ги откри трите најтоксични предмети во домаќинството, кои веднаш треба да ги фрлите.
Први на неговата листа се мирисливите свеќи. Тој советува, доколку навистина сте љубители на свеќи, подобро е да користите немирисливи или пак свеќи направени од природни состојки како што се соја или пчелин восок.
„Мирисливите свеќи содржат фталати, за кои е познато дека го нарушуваат нивото на хормони и предизвикуваат респираторни проблеми“, рече тој.
Фталатите се група на хемиски соединенија кои обично се користат за производство на пластика, особено поливинил хлорид (PVC) – пофлексибилна, издржлива и помалку кршлива. Тие често се нарекуваат пластификатори. Освен во пластиката, фталатите се наоѓаат и во производите за лична нега, предметите за домаќинството, медицинските помагала, па дури и во амбалажите за храна.
Фталатите се ендокрини нарушувачи, што значи дека можат да го нарушат хормоналниот систем на телото. Тие можат да имитираат или блокираат хормони како естроген и тестостерон.
Како друго нешто што доста луѓе го имаат во своите домови, лекарот ги истакна пластичните даски за сечење.
„Тие можат да се разградат со текот на времето, ослободувајќи микропластика во храната, која може да се акумулира во телото. Набавете дрвена даска за сечење за да го намалите ризикот“, додаде тој.
Микропластиката се однесува на ситни пластични честички кои често се невидливи за голо око и се сметаат за нездрави од еколошки и здравствени причини.
Микропластиката може да пренесува токсични хемикалии, или од самата пластика или апсорбирани од околината, кои можат да влијае врз хормоналната рамнотежа, репродуктивното здравје, невролошкиот развој и имунолошката функција.
Последни на листата се изгребаните или оштетените тави со нелеплива површина. Како што истакна тој, тие содржат перфлуорирани масни киселини, кои се поврзани со висок крвен притисок, холестерол и репродуктивни проблеми.
„Оштетените тави можат да ги испуштаат овие честички во вашата храна. Затоа, веднаш заменете ги штом ќе се изгребат. Можете да ги замените со побезбедни алтернативи, како што се не’рѓосувачки челик или леано железо“, советува Сети.
Полифлуороалкилните супстанции се голема група на вештачки хемикалии кои се користат уште од 1940-тите за да изработка на производи отпорни на вода, масло, топлина и дамки. Тие понекогаш се нарекуваат „вечни хемикалии“ бидејќи не се разградуваат лесно во околината или во човечкото тело.
Се користат во широк спектар на производи, вклучувајќи: садови за готвење со нелеплива површина (на пр. тефлон), водоотпорни ткаенини отпорни на дамки, обвивки за брза храна, кесички за пуканки за микробранова печка, одредена козметика и противпожарни пени.
Можат да предизвикаат: нарушена функција на тироидната жлезда, попречување на развојот кај доенчиња и деца, нарушување на репродуктивните хормони, зголемен ризик од рак на бубрезите и тестисите, покачени нивоа на холестерол, оштетување на црниот дроб, проблеми со плодноста и многу други проблеми.