Медитеранскиот стил на уредување има посебен шарм и топлина, а тоа го докажува и оваа куќа која нѐ освои со својата ведрина и некоја посебна енергија.
Ентериерот е прекрасен, а и екстериерот е уреден толку многу убаво што привлекува.
Во внатрешното уредување на оваа куќа во шпанскиот град Џирона преовладуваат белата боја и дрвото, додека пак деталите во боја му даваат на просторот некој посебен печат. Особено се истакнуваат розовите украсни перничиња кои на ентериерот му даваат романтична нота.
Слатката кујна во комбинација со белата боја и дрво освојува со својот едноставен и елегантен дизајн. Трпезаријата е уредена со кружна маса и четири дрвени столчиња, додека пак црвениот лустер со кристали дава посебна доза на егзотичен стил.
Екстериерот на куќата е прекрасен, но и терасата е како оние од соништата. Во еден дел се наоѓа лежалка, совршено катче за смирување во текот на денот кога ви треба одмор, додека пак во другиот дел од надворешниот простор има клупа, столици, лежалка и перничиња, сѐ што е потребно за опуштено дружење и забава на отворено.