[ВИДЕО] Инспирација на денот: И „новопечените“ мајки треба да вежбаат – Едина Муса: „Три месеци по раѓањето на Максим, успеав да се вратам“

Точка

29/05/2025

11:43

1.812

Големина на фонт

а а а

Поранешната македонска кошаркарка на својот Инстаграм профил постојано објавува видеа со кои сака да инспирира и други мајки.

Муса се породи на 19 февруари, а заедно со нејзиниот сопруг Александар Димитровски-Мачка станаа родители на синчето Максим.

Таа и во текот на целата бременост беше активна во вежбањето, сѐ со цел нејзиниот начин на живот да допре и да мотивира таму каде што треба.

Во нејзината последна објава на социјалната мрежа Инстаграм, сподели видео од нејзиниот тренинг, а под него напиша дека за само три месеци од породувањето успеала да се врати блиску до старата форма.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

„Сè во животот бара дисциплина, а токму таа дисциплина што ја стекнав преку спортот, ми помогна по само три месеци од раѓањето на Максим да се вратам блиску до старата форма. Не сум целосно вратена во форма, но сум благодарна што сум толку блиску.

Сепак, морам да напоменам дека станува збор за долгогодишен спортист, и за мајка која нема постпородилни проблеми со хормоните.

Како и да е, сум била и во ситуација кога, по дијагноза со Хашимото, водев долга борба за да ги вратам хормоните во рамнотежа. И психички и физички не се чувствував добро, не се чувствував удобно во своја кожа. Но, секогаш наоѓав мотивација во секоја жена која вежба, која се труди, која не се откажува.

Затоа се надевам дека мојот начин на живот ќе допре и ќе мотивира таму каде што треба“.

Под видеото Муса доби многубројни коментари со љубов и поддршка за сѐ она што го прави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk