Австриска компанија планира да користи бизарна основа за производство на пиво – Очекуваат вкусот да остане ист

Точка

11/04/2025

19:38

2.352

Големина на фонт

а а а

Австриската компанија „oKlo“, која продава и изнајмува мобилни тоалети, решила да го прошири својот бизнис со необичен проект. Во соработка со Виенскиот универзитет за култура на почва и пиварница чие име не било соопштено, почнале да произведуваат пиво од урина.

Но секако, пред да заврши во пиво, урината поминува низ неколку фази на прочистување.

„Во првиот чекор го филтрираме хранливиот струвит, а потоа и азотниот отпад од урината. На крајот останува прочистената вода која ѝ се предава на пиварницата“, објаснил Николаос Богианзидис, основач на компанијата „oKlo“, и додавал дека вкусот на пивото не би требало да се смени.


Овој процес овозможува водата да биде безбедна за понатамошна употреба при производството на пиво. Според него, рецептот за пиво нема да се промени, и не се очекува разлика во вкусот.

Овој проект ќе биде дел од Центарот за компетентност што „oKlo“ ќе го гради во Фолкерсдорф во близина на Виена. На 13.000 метри квадратни, освен што ќе добијат прочистена вода од урина за производство на пиво, ќе проучуваат и нови начини на рециклирање на изметот и негово користење во производството на биогас, горивни пелети или ѓубрива.


Инаку, струвит – минерал на база на магнезиум и амонијак фосфат извлечен од урината веќе може да им се продава на земјоделците.

Сличен проект во Данска

Интересно е да се спомене дека во Данска во 2015 година, една пиварница собрала 50.000 литри урина, но само за наѓубрување на јачменот, а не за производство на пиво. Овој чекор на австриската компанија претставува значителен напредок во истражувањата на еколошките решенија во индустријата за пиво.