[ВИДЕО] Неверојатна глетка – „Крвавиот“ водопад на Антарктикот

Точка

16/04/2025

16:54

1.794

Големина на фонт

а а а

Во срцето на Антарктикот, природата создава неверојатна глетка – црвен водопад кој каскадно паѓа преку повеќегодишниот мраз на глечерот Тејлор.

Овој феномен, познат како „крвав водопад“, (Blood Falls) е уште пофасцинантен отколку што изгледа. Неговата интензивна боја не се должи само на железниот оксид, туку доаѓа и од ситни микроорганизми богати со железо, кои ги создаваат бактериите.


Овие микроорганизми живеат во соленото езеро скриено под глечерот. Кога оваа вода ќе дојде до површината и ќе наиде на кислород, таа добива толку интензивна црвена нијанса што изгледа нереално во пејзажот на Антарктикот, па изгледа како мразот да крвави.

Водопадот продолжува да тече и на температури под нулата, создавајќи уникатен спектакл во кој науката и природата се спојуваат во ремек-дело.

Сега научниците размислуваат околу тоа дека овој неверојатен екосистем би можел да даде индиции за можните форми на живот на други планети, како што е Марс, на пример.