Овие 5 раси мачки не поднесуваат гнавење и држење во раце и избегнуваат деца: Една е меѓу најмирните на светот

Точка

16/04/2025

21:52

2.040

Големина на фонт

а а а

Мачките генерално се добри миленици за деца, но некои раси се попријателски настроени кон најмалите, додека други ги избегнуваат. Одредени раси се помалку трпеливи и почувствителни од други и не се најдобар избор за семејства со мали деца, пишува „Ај харт кетс“.

Иако секоја мачка е индивидуалец и не може секогаш да се генерализира според расата, ако барате мачка што ќе се вклопи во семејството, обидете се да ги избегнете овие раси.

1. Хималајска мачка

Хималајката е нежна и пријателска мачка со членовите на своето семејство, но претпочита потивки и помирни луѓе. Гласни и разиграни деца можат да ја исплашат или иритираат, а таа не поднесува таков вид семејна динамика.

2. Руска сина мачка

Кој би рекол дека една од најмирните и најтолерантни мачки не оди добро со деца? Руската сина мачка може да биде идеална за семејства, но само ако децата знаат како правилно да се однесуваат со неа. Таа е срамежлива и повлечена, и потребно е време и трпение за да ви укаже љубов и доверба.

3. Саванска мачка

Савана е уникатен хибрид кој може да биде одличен семеен придружник – но само ако децата знаат да ја почитуваат. Не сака да ја држат, гушкаат или ограничуваат. Покажува наклонетост само кога таа ќе одлучи, па малите деца кои сакаат да се гушкаат може да останат разочарани.

4. Турска ван мачка

Иако е пријателска, турската ван мачка не сака да се гушка или држи, што малите деца тешко го разбираат. Таа сака нејзиниот простор да биде почитуван и не прифаќа непосакувана или нападна наклонетост.

5. Сингапурска мачка

Сингапурата е друштвена мачка која сака семејства, но не поднесува гласни звуци и хаотична околина. За неа, семејства со мали деца се извор на стрес, но со повозрасни деца кои знаат како да се однесуваат со животни може да воспостави блиска врска.