Каналес завршил во болница после жестока дискусија со Демикелис

Дерби

04/04/2025

12:00

1.212

Големина на фонт

а а а

Серхио Каналес важи за најголема ѕвезда покрај Серхио Рамос во редовите на Рахадос Монтереј, а како играч со таков статус, јасно е дека привлекува огромно внимание во Мексико.

Некогашниот шпански репрезентативец се реши за една необична авантура откако ја заврши етапата во Бетис, но ова утро стана топ тема во Мексико и Шпанија поради инцидентот кој се случил на последниот тренинг на Монтереј.

Како што информираат угледните медиуми од Мексико, Каналес влегол во жолчна и жестока расправија со тренерот Мартин Демикелис, па откако си размениле низа негативни зборови, фудбалерот нервозно и демонстративно го напуштил теренот.

Во моменти на голем бес, Каналес шутнал и врата на која имало плексиглас, па од силината на ударот си нанел и повреда поради која заработил во болница.

Мексиканскиот клуб соопшти дека Каналес бил пренесен во болница поради голема расекотина на ногата, поради која добил десет конци за санирање на штетата.

– Ставајте секакви наслови, но во спортот и во соблекувалната секогаш имало и ќе има различни мислења. Не сакам да глумам авторитет, сакам да слушам мислења од своите играчи. Стануваше збор за ситуација во која имаше различни ставови, немаше ништо повеќе, – изјавил Демикелис кој негирал дека дошло и до физичка пресметка.