[ВИДЕО] Пике заплакал во судница, протече аудиоснимката: „Никој нема да ми плати за нарушената репутацијата“

Точка

10/04/2025

18:07

4.397

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми објавија аудиоснимка од судењето на познатиот фудбалер Жерар Пике, кој е под истрага за случајот поврзан со Суперкупот на Шпанија.

Поранешниот шпански репрезентативец, кој освоил сè што можеше да се освои во неговата фудбалска кариера, негирал каква било вина и се расплакал во судницата, наведувајќи дека не ги разбира обвинувањата.

Пике исто така рекол дека никој не може да му ја врати репутацијата. Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Јунајтед е под истрага поради четири милиони евра годишни провизии кои ги добивал преку својата компанија.

Се истражуваат наводните коруптивни дела и перење пари, кои резултирале со преместување на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.

Пике поминал два часа во судницата и се обидел да го објасни случајот, иако, како што рекол, не го разбира баш најдобро. Бил видно емотивен и се расплакал.

„Можам ли да кажам нешто? Многу е фрустрирачки тоа што три години се занимаваме со овој случај. Мислам дека му дадовме непроценлива вредност на Шпанскиот фудбалски сојуз и најголемиот договор во историјата на сојузот. Во некоја друга земја би ми направиле статуа поради ова“, изјавил Пике, а потоа со многу поемотивен тон додал:

„Не можете да замислите како е вашето име да се појавува во печатот секој ден, а и по три години истото продолжува. Не сакам да си давам медали, но на некое друго место ќе ми направеа статуа. Протекувањето на информациите во оваа постапка е недостаток на почит. Сè ќе заврши што е можно поскоро, но никој нема да ми плати за нарушената репутација“, рекол емотивниот Пике.

За поранешниот шпански дефанзивец обвинувањата се неосновани бидејќи не добивал провизии од Шпанскиот фудбалски сојуз, а истите не биле исплатени ниту на сојузот, ниту пак имаат врска со тогашниот претседател Луис Рубиалес.