Лука Дончиќ се врати во Далас, овојпат во униформа на друг клуб, Лос Анџелес Лејкерс кого го предводеше до триумф над Маверикс од 112:97.
Ова за Словенецот беше прва средба во „Американ Ерлајнс Центарот“ како противнички играч, како играч кој настапува против Далас, клубот во кој мина навистина убави моменти пред неочекувано да биде разменет пред неколку месеци.
Дончиќ испорача 45 поени со 8 скока, 6 асистенции, 4 украдени топки, партија која дојде по солзите кои ги пушти при емотивното видео со кое клубот од Тексас му се заблагодари за се што направи за нив.
- По тоа видео, си помислив нема шанси да го играм овој натпревар. Имаше многу емоции. Сите го чуваа мојот грб. Од тренерите до играчите, се обидуваме да изградиме нешто посебно овде. Беше навистина убаво да се види, - истакна ѕвездата на Лејкерс.