Јокиќ: Имав посебна врска со Мелоун, сите викаат дека сме…

Дерби

10/04/2025

15:30

4.042

Големина на фонт

а а а

Денвер Нагетс славеше на првиот меч по големата промена и заминувањето на тренерот Мајк Мелоун, стратегот кој го врати клубот на победнички патеки и му донесе историска НБА лигата.

Нагетс славеше над Сакраменто Кингс со 124:116 во мечот во кој Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл од 20 поени, 12 скока и 11 асистенции.

- Се разбудивме. Тоа ни требаше. Покажавме дека кога се бориме можеме да играме со која било екипа, - истакна Јокиќ.

- Тоа е дел од спортот. Луѓето доаѓаат и си одат. Имав посебен однос со Мелоун. Поминавме многу заедно. И добри и лоши работи. Ја освоивме и титулата и имаме навистина неверојатни спомени. Сепак тоа е дел од работата, - додаде Србинот кој воедно ги предупреди останатите конкуренти во НБА лигата.

- Сите велат дека сме ранливи. Сепак ѕверот е најопасен кога е ранет. Мислам дека ѕверот повторно се разбуди, - заврши ѕвездата на Нагетс.