Бекам за пореметувањето кое го имаат милиони: Им одам на нерви на Викторија и на децата

Макфакс

10/04/2025

10:16

2.484

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам повторно проговори за своето опсесивно-компулсивно нарушување. При претставувањето на неговиот бренд на додатоци во исхраната, тој откри дека неговите постапки ги нервираат неговата сопруга Викторија и децата – синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

„Јас сум многу организиран, до тој степен што може да биде исцрпувачки. Понекогаш тоа ја нервира мојата сопруга, а понекогаш и моите деца”, рекол Бекам, според „Пејџ Сикс“.

Тој додаде дека често им кажува на своите деца дека без него „ништо не би било чисто и организирано и дека би ги заборавиле работите“. Покрај тоа, Бекам ја насмеа публиката со прередување на шишињата наредени во пирамида. „Не беше сè усогласено“, рече тој, притоа покажувајќи пример за опсесивно-компулсивно нарушување.

Бекам еднаш призна дека останува буден неколку часа по сите други за да ја чисти и средува куќата. Тој сподели како неговата состојба го принудува да ги чисти искористените свеќи секој ден, а во еден момент дури и ја критикуваше Викторија дека става сол таму каде што не му е местото.

Опсесивно-компулсивното нарушување спаѓа во групата на анксиозни нарушувања и се карактеризира со појава на опсесивни мисли и компулсивни дејства. Луѓето кои страдаат од ова нарушување ја сфаќаат ирационалноста на своите постапки и ги сметаат за непријатни, но не можат да ги спречат. Приближно еден процент од светската популација, што е околу 70 милиони луѓе, страдаат од опсесивно-компулсивно нарушување.