Поранешниот светски шампион во снукер обвинет за силување на деца

Точка

10/04/2025

12:09

4.211

Големина на фонт

а а а

Случајот на Дот ќе биде разгледан во јуни пред судот во Глазгов.

Поранешниот светски шампион во снукер, Греем Дот (47), е обвинет за силување на девојче и момче, објави "Sky News". Според судските документи, Шкотланѓанецот е обвинет за злоупотреба на девојче во 1990-тите години, кога таа имала околу десет години. Тој наводно ѝ наредил да ја соблече облеката, по што и самиот се соблекол и ја нападнал сексуално.


Дот е исто така обвинет и за сексуално злоставување на момче во периодот меѓу 2005 и 2010 година, кога детето имало околу седум години. Светската билјард и снукер организација (WPBSA) го суспендираше, наведувајќи во соопштение дека тоа е поради „случај пред Високиот суд во Шкотска“. Организацијата додаде дека нема да коментира додека трае судскиот процес.


Случајот на Дот ќе биде разгледан во јуни пред судот во Глазгов.


Дот стана светски шампион во 2006 година во Шефилд, кога го победи Питер Ебдон. Исто така, играше финалиња во 2004 и 2010 година, но загуби од Рони О’Саливан и Нил Робертсон. Во тековната сезона тој испадна од топ 50 рангирани играчи во светот.