Времето минува, но не во нејзиниот случај. Нашла начин како да го врати назад, иако неодамна наполни 50 години. На гламурозен настан во Холивуд, Ева Лонгорија изгледала двојно помлада, а не недостигале ниту коментарите како е и двојно послаба.
Една од најубавите холивудски актерки сега е уште поубава, можело да се слушне вчера пред киното „El Capitan“, познатата зграда на булеварот Холивуд, каде премиерно бил прикажан филмот „Alexander and the Terrible, Horrible, No Good, Very Bad Day“.
Ева Лонгорија буквално блескала во едноставен, но ефективен фустан во маслинесто зелена боја со отворени раменици, и ги засенила сите присутни.
Тоа никогаш не било проблем за најжешката „очајна домаќинка“. Меѓутоа, неодамна таа е навистина „stunning“ и не ја симнува насмевката од лицето, за што без сомнение придонесува семејната хармонија, но и прекрасниот сончев брег во Шпанија, каде одлучила да го продолжи животот.
Совршено извајана линија и коса со чоколадна нијанса, кои ноншалантно ѝ паѓале преку рамениците во бранови, исто така го потврдиле впечатокот кој таа го оставила додека парадирала пред театарот „El Capitan“. И монохроматската шминка била хит, согласни биле „бјути“ и модните аналитичари кои не престануваат да го фалат изгледот на заносната актерка.
А бидејќи проекцијата на филмот се одржала во кино веднаш до познатиот Булевар на славните, таа ја искористила можноста освен со обожавателите да се фотографира и со својата ѕвезда, откриена во април 2018 година под серискиот број 2634.
Откако во јуни истата година го родила синот Сантијаго, Ева Лонгорија не брзала да се врати во старата форма. Таа дури и гордо ги истакнувала своите облини кои се „зголемиле“ за време на бременоста. Неколку месеци подоцна, кога се вратила во своите нормални димензии, открила дека најмногу ѝ помага омилената физичка активност – скокањето на трамбулина. Барем еден час дневно.
„Многу е забавно! И тоа е добро за моите колена затоа што сум постара. Порано трчав, но веќе не можам. Трамбулината е фантастичен избор, па погледнете како мене стави во ред“, се пошегувала таа како гостин на Елен Деџенерис.
Покрај вежбањето, за враќањето во топ форма придонела и урамнотежената исхрана. Никакви ригорозни диети кои исклучуваат одредени групи намирници. Таа едноставно престанала да консумира шеќер, тесто и алкохол, главно јадејќи органска и свежа храна. Зеленчукот мора секогаш да биде на масата.
Меѓутоа, актерката признала дека понекогаш може да згреши со пица или ужинка, од чие спомнување им се крева косата на нутриционистите, на многумина омилениот чипс, кој очигледно не ја загрозува линијата на познатата Габриела Солис.