Либиската ракета: Погледнете го заборавениот проект на Гадафи за народен автомобил

Точка

30/03/2025

14:07

4.886

Големина на фонт

а а а

Гадафи и неговата визија за идеална држава одамна се минато, исто како и неговиот сон за либиски народен автомобил.

"Saroukh el-Jamahiriya", познат и како Либиската ракета, беше утопистички проект на лидерот на Либија со цел да создаде еден од најдобрите и најбезбедни автомобили во светот. Иако идејата беше да се користат исклучиво либиски ресурси, на овој автомобил работеа и странски експерти.

Од утопија до заборав

Концептот беше претставен во 1999 година по повод 30-годишнината од револуцијата на Гадафи. Дизајнот на автомобилот одразуваше футуристички пристап, со остри и аеродинамични линии кои наликуваа на ракета. Автомобилот беше долг пет метри и нудеше луксузен комфор за пет патници.

По премиерата, проектот беше заборавен и не се споменуваше цела деценија. Сепак, во 2009 година се појави нова верзија. Дизајнот го потпишаа Италијанци, но со силно влијание од Гадафи.

Извршниот директор на "Tesco TS", компанија за автомобилски дизајн со седиште во Торино, изјави дека Гадафи лично учествувал во дискусиите за дизајнот. Тој барал возило изработено од либиски материјали, вклучувајќи мермер, кожа и текстил. "Tesco" бил одговорен за дизајнот и координацијата на производството на прототипот.

Новата верзија на "Saroukh el-Jamahiriya" беше долга 5500 мм и широка 1870 мм, со значително помодерен изглед. Наводно, Гадафи платил околу два милиони евра за изработката на овој прототип.


Спецификации и безбедносни карактеристики

Под хаубата се наоѓал трилитарски V6 мотор со 230 коњски сили. Иако перформансите никогаш не биле официјално објавени, проценките сугерираат дека автомобилот можел да достигне 100 км/ч за околу 7 секунди.

Една од најинтересните карактеристики беше "run-flat системот, кој му овозможувал на автомобилот да помине стотици километри со дуоната гума – нешто што би било исклучително корисно при возење низ огромната либиска пустина.

Автомобилот беше опремен со напредни безбедносни системи, вклучувајќи:

- Специфичен дизајн со зашилени линии

- Систем за автоматско прекинување на дотокот на гориво во случај на несреќа

- Воздушни перничиња и систем за апсорпција на удари

- „Електронски одбранбен систем“ за поголема безбедност


Неостварени амбиции

Гадафи планирал масовно производство на "Saroukh el-Jamahiriya" со користење само либиски ресурси и изградба на фабрика во Триполи. Целта била годишно производство на 50.000 примероци и извоз на европскиот пазар.

Во 2009 година започна изградбата на фабриката, но никогаш не беше завршена. И покрај амбициозните планови, проектот не излезе од фазата на прототип и сериското производство никогаш не беше реализирано.