[ФОТО] Како Toyota ја гледа иднината? Претставено футуристичко возило за кое не е потребна возачка дозвола

Точка

30/03/2025

11:59

2.414

Големина на фонт

а а а

Голем број нови модели, нови технологии, но и нови идеи кои допрва треба да се развијат, беа претставени од прва рака на саемот "Kenshiki" во Брисел.

Водени од мотото на славниот Акио Тојода – „Да создадеме сè подобри автомобили“, како и од деловната филозофија Каизен, која се стреми кон континуирано подобрување, "Toyota" на овогодинешниот "Kenshiki" форум го претстави својот нов електричен асортиман, кој треба да пристигне во наредните 12 месеци.

Три нови електрични модели

Toyota најави три нови целосно електрични модели – освежениот "bz4x", електричниот "C-HR+" и урбаниот кросовер "Urban Cruiser".

"bz4x" доби унапредувања во дизајнот, батеријата, системот за полнење, како и зголемена моќност. Овој модел ќе биде достапен со две верзии на литиум-јонска батерија – со капацитет од 57 и 73 kWh, а ќе има и помоќни електромотори со максимална сила од 343 коњски сили. Декларираниот максимален досег е 573 километри.

Од најголемиот преминуваме на најмалиот модел – "Urban Cruiser". Овој компактен "SUV" е дизајниран за урбан живот, но сепак задржува карактеристики на вистински теренец. Ќе биде достапен со батерии од 49 или 61 kWh, а ќе има досег до 400 километри. Купувачите ќе можат да изберат погон на два или на четири тркала, како и три варијанти на електромотори, со максимална моќност од 184 коњски сили.


Автомобилот на иднината

Најинтересното беше оставено за крај – популарниот модел "C-HR" сега доби своја целосно електрична верзија – "C-HR+".

Создаден врз основа на неговите бензински и хибридни претходници, "C-HR+" се истакнува со динамичен, но софистициран дизајн. Оваа електрична верзија нуди просторна патничка кабина и багажен простор од 416 литри.

Купувачите ќе можат да изберат батерии со капацитет 57 или 77 kWh, како и три различни електромотори, од кои најмоќниот ќе има 343 коњски сили. Овој модел забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,7 секунди, а "Toyota" тврди дека е најдинамичниот "SUV" што го понудиле во Европа. Неговиот деклариран досег е над 600 километри.


Визија за почиста иднина

Покрај новите модели, на "Kenshiki" беше претставена и визијата за зелена и еколошка мобилност. Еден од концептите е моделот "FT-Me", кој претставува визија за идниот транспорт во големите градови. "FT-M"e ќе може да го возат и тинејџери, бидејќи не е потребна возачка дозвола од Б категорија. Ова не е класичен автомобил, туку микромобилност возило на Toyota.

Дополнително, "Toyota" активно работи на развој на алтернативни горива кои еден ден треба да ги заменат моторите со внатрешно согорување. Во моментов, компанијата развива шест различни видови погон, бидејќи, како што истакнуваат – "Toyota" е мобилност за сите.