"Mazda 6e": Новиот електричен автомобил во Европа

Точка

28/03/2025

19:48

2.516

Големина на фонт

а а а

"Mazda 6e" е нов електричен автомобил од јапонскиот бренд, наменет за европскиот пазар.

Пред неколку месеци, "Mazda 6e" беше прикажана на саемот во Брисел, а сега пристигнуваат повеќе детали за овој модел. Според "Mazda", се работи за целосно електричен хечбек кој нуди баланс меѓу естетика и практичност.


Две верзии на погонскиот склоп

"Mazda 6e" ќе биде достапна во две конфигурации, за да ги задоволи различните преференции на возачите.

Првата верзија е опремена со батерија од 68,8 kWh, која овозможува досег до 479 километри. Со 200 kW DC полнење, батеријата се полни од 10% до 80% за само 22 минути, а за 15 минути може да се додадат 235 километри досег.


Електричниот мотор произведува 190 kW (258 коњски сили).

"Mazda 6e Long Range 5" е наменета за долги релации, благодарение на батерија од 80 kWh, која овозможува домет до 552 километри.

Електрмоторот генерира 180 kW (245 коњски сили).

Двете конфигурации имаат 320 Nm вртежен момент, заден погон, забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 8 секунди и максимална брзина од 175 км/ч.


Дизајн и иновации

Екстериер: Динамични линии, куполеста силуета и краток заден дел, што ја задржува функционалноста на петвратен хечбек.

Преден дел: Вклучува осветлено лого, додека задните светла имаат четири цилиндрични елементи, како омаж на "Mazda" дизајнот.

Внатрешноста e фокусирана на возачот и има 14,6-инчен екран на допир, 10,2-инчна дигитална инструмент табла и 50-инчен "Head-Up Display", кој ги проектира клучните информации за навигација и брзина директно во видното поле на возачот.

"Mazda 6e" ќе биде достапна на пазарот во 2026 година.