Родриго се закачи со Паредес, Аргентинецот го „поздрави“

Дерби

27/03/2025

11:30

1.879

Големина на фонт

а а а

Натпреварите меѓу Аргентина и Бразил секогаш се посебни и нудат тензија, возбудувања, борба, препирки на теренот со оглед на големото ривалство.

Овојпат „гаучосите“ им одржаа вистинска лекција на „кариоките“ и ги разбија на „Монументал“ со 4-1, победа со која едноставно го прославија обезбедениот билет за мундијалот во САД, Канада и Мексико.

На теренот имаше „закачки“, камерите тоа го регистираа, а еден од тие дуели беше меѓу оној меѓу Родриго Гоеш и Леандро Паредес.

- Многу си лош, -порача играчот на Реал на што Аргентинецот му воздрави:

- Јас имам едно СП и две титули на Копа Америка. Ти нула, нула, - истакна Паредес.