[ФОТО] Ким Кардашијан по доделување на Оскарите ја заработи титулата за најголемо модно промашување: Нејзиниот фустан го споредија со тоалетна хартија

Точка

04/03/2025

11:13

1.849

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан беше гостинка на „Vanity Fair“ забавата која се одржа по доделувањето на Оскарите, по што се здоби со „титулата“ за најголемо модно промашување на настанот која ја освои благодарение на белиот, истуткан фустан.

Со Оскарите зад нас, на социјалните мрежи сè уште се споделуваат впечатоци од најважната церемонија на доделување награди во кинематографијата. Иако фокусот е на филмот, модата е исто така значаен дел од оваа свеченост.



Покрај црвениот килим на театарот Долби, каде што се одржа доделувањето на наградите, следеше и црвениот килим на традиционалната „Vanity Fair“ забава која го придружува настанот. Една од гостинките на оваа забава беше и Ким Кардашијан, која поради нејзината модна комбинација ја заработи непопуларната титула на најголемо модно промашување на Оскарите.



Имено, Ким пристигна во долг бел балски фустан без прерамки, со горен дел како корсет кој го истакна нејзиното деколте. Ткаенината беше „истуткана“, а балскиот фустан без ракави потсетуваше на венчаницата на Вера Ванг која Ким ја носеше во 2011 година.

Станува збор за креација на брендот Баленсијага, но со пунџата и потемниот тен, Кардашијан не ги воодушеви модните критичари, ниту корисниците на социјалните мрежи.



На социјалните мрежи Ким беше безмилосно исмеана поради истутканиот материјал на нејзиниот фустан, како и нејзиниот потемен тен, а заработи споредби со тоалетна хартија, истуткана постелнина, па дури и искористена салфетка.



Исто така корисниците на социјалните мрежи шегувајќи се запрашале за кого се мажи ријалити ѕвездата на афтер-забавата бидејќи нејзиниот фустан наликувал на венчаница.

Поврзани вести: Оскари 2025 - Листа на добитници


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk