Ќерките на Џин Хекман фотографирани насмеани на појадок само ден по неговата смрт: Шок папарацо фотографии предизвикаа бура, а нивниот коментар...

Точка

28/02/2025

23:51

7.862

Големина на фонт

а а а

По веста за смртта на легендарниот холивудски актер Џин Хекман, неговата сопруга и нивното куче, целата јавност е во неверување.

Напротив, Елизабет и Лесли биле видени како насмеани излегле од нивниот сив автомобил и влегле во ресторан во Бурбенк, Калифорнија. Фотографиите се појавија по објавата за смртта на нивниот татко и изјавата на Лесли за „Дејли мејл“ во четвртокот дека семејството сè уште чека информации за причината за смртта на нивниот татко.

Имено, 59-годишната Лесли изјавила дека семејството сè уште го обработува она што се случило, бидејќи „немало индиции за никакви проблеми“ со нејзиниот татко пред неговата смрт.

„И покрај неговите години, тој беше во многу добра физичка кондиција“, открила таа и додала дека нејзиниот татко во изминатите неколку месеци немал поголеми операции.


Лесли и Елизабет можат само да шпекулираат дека нивниот татко и маќеата Бетси можеби починале од вдишување токсични испарувања од истекување на јаглерод диоксид, објави „Дејли мејл“. Меѓутоа, прелиминарната обдукцијата покажа дека тие не починале од вдишување отровни испарувања.

„Тој сакаше да прави пилатес и јога и продолжи да го прави тоа неколку пати неделно. Значи беше во добра здравствена состојба“. Сепак, таа додала дека неговата смрт не била „премногу шокантна, бидејќи имал 95 години“.


Бидејќи живее во Калифорнија, таа рекла дека поминале неколку месеци откако последен пат го видела или слушнала нејзиниот татко, и покрај тоа што биле блиски. „Бевме блиски. Не разговарав со нив неколку месеци, но сè беше нормално и сè беше добро“, споделила таа.

Семејството објави соопштение во четвртокот попладне во кое ја изразува својата „голема тага“ поради смртта на Хекман. „Беше сакан и обожуван од милиони луѓе ширум светот поради неговата брилијантна актерска кариера“, продолжило семејството. „Но, за нас тој секогаш беше само тато и дедо“.


„Скршени сме од загубата, тој многу ќе ни недостига.“

Џин Хекман и неговата сопруга лежеле мртви со недели?

Семејството сè уште ги чека точните информации од полицијата што се случило и кога починал парот. Нивните тела ги открил работник кој повикал брза помош. Се верува дека тие можеле да бидат мртви две недели, а истрагата покажала дека и двете тела биле пронајдени со знаци на распаѓање.

Џин и Бетси се венчале во 1991 година. Ѕвездата од „Супермен“ претходно бил во брак со банкарката Феј Малтезе од 1956 до 1986 година. Заедно имале три деца – Кристофер (65), Елизабет (62) и Лесли (59).


Лесли за „Daily Mail“ изјавила дека Џин и Бетси имале „прекрасен брак“. Таа кажала и дека ќе оди во Ново Мексико штом добие одговор полицијата. „Треба да почекаме и да ги дознаеме сите информации од полицијата. Не очекувавме дека ќе мора да одиме таму и да поминеме низ куќата и сето тоа“, споделила таа. „Имаме работа, но да, ќе одиме во Ново Мексико.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk