Модната икона Ана Винтур воодушеви многу љубители на модата со нејзиниот неодамнешен потег.
Имено Ана ја носела истата модна комбинација на два јавни настани, и тоа на модните недели во Милано и Париз. На овие настани таа носеше палто од Том Браун, макси фустан и чизми.
Освен што два пати носела ист стајлинг на модните настани, што се смета за своевиден преседан затоа што славните за јавни настапи секогаш внимателно ја избираат облеката, интересно е и тоа што ова се случи во временско растојание од само неколку дена. Односно таа прво се појави на модната недела во Милано на 28-ми февруари, а потоа на модната недела во Париз на 3-ти март.
Единствената разлика беше тоа што, во Париз Винтур ги извади очилата за сонце поради темнината.
Дејли Мејл пишува дека главната претпоставка е дека нејзиниот куфер бил загубен за време на патувањето со авион, па била принудена двапати да носи иста облека. Меѓутоа, многумина сметаат дека ова објаснување е нелогично, бидејќи се работи за Ана Винтур – која само требаше да повика некој за да ѝ донесе нова облека.
Затоа, некои дошле до заклучок дека Винтур сакала да испрати порака дека квалитетната мода треба да се направи поодржлива.