[ФОТО] Невидливата жена облечена да убие: Оваа опасна дама е телохранителка на Кејт Мидлтон – ја следи како сенка, а 15 години никој ја нема забележано

Точка

22/02/2025

20:52

5.420

Големина на фонт

а а а

Во тајната служба на нејзиното Височество се наоѓа и еден Џејмс Бонд во сукња. Таа е дискретна, често насмеана, никогаш не ја испушта принцезата од вид и секогаш е подготвена за акција. Иако Кејт Мидлтон радо им приоѓа на луѓето и во та смисла сака да го прекрши протоколот, нејзината телохранителка досега немала некои поголеми интервенции.

Мора ли да бидете или Џејмс Бонд или Итан Хант или Никита – или пак сите заедно – за да станете личен телохранител некој од британското кралско семејство. Персоналот кој ги чува Кејт Мидлтон, принцот Вилијам, Чарлс и другите не припаѓа на киборг ескадрила од научно-фантастичните филмови, но сè подразбира дека секој кралски телохранител има посебни вештини, поминал низ „сито и решето“ во војската или полицијата, има беспрекорно минато, без ниту една дамка и секогаш се придржува до златните правила на бонтонот.

Иако на прв поглед можеби ви изгледа дека принцезата од Велс излегува сама меѓу луѓето, веќе на втор поглед ќе сфатите дека е опкружена со цела армија чувари. Најчесто се држат на дистанца, за да не ја вознемируваат додека таа срдечно им приоѓа на луѓето, се слика и се ракува. Некои носат одела и не се трудат да скријат поради што се таму, додека други се изгубени во толпата, облечени како „обични луѓе“. Да не упаѓаат во очи.


Секое излегување од палатата е внимателно испланирано. Секој метар од патот по кој ќе се движат автомобилите на членовите на семејството се проверува однапред, во колку часот и минута ќе пристигнат на дестинацијата, а персоналот од најблиската медицинска установа е постојано на готовност. И покрај тоа што не можете да ги видите, припадниците на обезбедувањето ја покриваат секоја точка на одредена локација и внимателно ги набљудуваат присутните.

Во тајната служба на нејзиното височество – во овој случај Кејт Мидлтон – веќе долго време е и наредничката Ема Проберт. Таа е нејзин личен телохранител, верен чувар, сенка уште од 2010 година кога станала дел од Кралскиот ред за заштита на принцезата од Велс, како и од одредот кој носи кодно име S014. Кејт во тоа време не била ниту војвотка од Кембриџ, но била свршена со Вилијам, па било јасно какви сè титули ја чекаат во иднина. Ема претходно се грижела за принцезите од Јорк, Беатрис и Евгенија.

Порано работела во Скотланд Јард, многу добро ги познава боречките вештини и секогаш додека е на должност носи два пиштола, од кои едниот е пиштол за зашеметување, како и заштитна опрема. Опасна е дури и кога не е вооружена, иако на прв поглед не изгледа така. Многумина не ја сфаќаат сериозно, бидејќи таа е речиси за глава пониска од Кејт Мидлтон.

За нејзиниот приватен живот не се знае многу. Британските медиуми објавија само дека таа порано работела како стјуардеса и дека останала вдовица во 2009 година откако нејзиниот сопруг Мајкл трагично го загубил животот на скијање на француските Алпи за време на семеен одмор.


Кејт не излегува од дома без Ема, која многумина првпат ја забележале на 29 април 2011 година на „венчавката на деценијата“. Имено, на предното седиште на Rolls-Royce со кое невестата пристигнала во Вестминстерската опатија, седела непозната дама со гламурозна капа на главата и широка насмевка. Во јавноста се разбудила љубопитност – која е оваа жена која е постојано со Кејт, а не ѝ е мајка, сестра или најдобра пријателка? Во тоа време, дадилките сè уште не биле во оптек.

Наредничката Проберт обично носи темни костуми и рамни чевли, бидејќи тоа е најпрактично доколку се појави некоја непредвидена ситуација. Жената во сенка е подготвена во секој момент да реагира со молскавична брзина, да ја заштити принцезата со своето тело или да се фрли на напаѓачот. За среќа, таа досега немала такви проблеми.


Како што налагаат правилата, таа се труди да биде дискретна и ќе ја забележите само ако внимателно ги следите јавните настани на кои се појавува Кејт. Таа е со неа дури и кога таа ги носи децата на училиште, патува, пазарува … Најпросто кажано, ѝ го чува грбот 24 часа на ден. Сè разбира, таа не е единствената која се грижи за безбедноста на убавата принцеза, но е – главна.

Во октомври 2022 година, Ема била наградена за нејзината улога како верна придружничка на Кејт Мидлтон, принцот Вилијам ѝ доделил високо признание во Бакингемската палата – таа била именувана за член на Кралскиот викторијански ред. Овој истакнат витешки ред обединува личности кои се истакнале во служба на монархот.