Никол Кидман проговори за големата траума: „Стоев гола под тушот...“

Точка

22/02/2025

21:10

2.288

Големина на фонт

а а а

Никол Кидман одлучи да открие некои детали од, како што вели, најтешката борба во животот. Актерката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан имаат две ќерки.

Парот ја доби својата прва ќерка Сандеј Роуз (16) природно, додека втората ќерка Фејт Маргарет (14) била зачната преку сурогат мајка.

Покрај тоа, Никол има син Конор (30) и ќерка Бела (32) од првиот брак со актерот Том Круз, кoи ги посвоиле.


Познатата актерка сега во интервју за „Тајмс“ зборувала за нејзиното лично искуство од доењето на својата ќерка Сандеј Роуз, за кое вели дека било трауматично.

По породувањето се соочила со неможноста да го дои сопственото дете.

„Бев преплашена. Постојано се прашував: „Што се случува, каде ми е млекото?“, се сеќава Никол и додава:

„Се сеќавам дека стоев гола под туш, а сестра ми мѝ помагаше. Таа беше мојот извор на сила. Имаше пет деца и имаше мудрост да го пренесе знаењето“, признава Кидман.


Набргу потоа Никол успеала да воспостави врска со својата ќерка.