Селена Гомез доживеа непријатен момент на доделувањето на наградите „БАФТА“. Имено, при прогласувањето на добитникот на наградата за најдобро деби на британски автор, таа не успеа да прочита што пишувало на хартијата.
„Не разбирам што пишува“, промрморе Селена додека се обидуваше да го прогласи победникот заедно со актерката Зои Салдана.
Еден момент подоцна, Гомез ѝ се извини на публиката и го прочита името на победникот, а наградата му припадна на Рич Пепиат за филмот „Kneecap“.
„Conclave“ и „Brutalist“ освоија четири награди
Потсетуваме, големиот фаворит на доделувањето, филмот „Conclave“, со 12 номинации, освои четири награди и победи и во главната категорија – за најдобар филм. Исто толку БАФТА награди доби и филмот „Brutalist“, приказна за унгарски архитект кој се обидува да го изгради својот живот во САД по Втората светска војна.
Најголемото изненадување на вечерта беше победата на Мајки Медисон (филм Анора) во категоријата за најдобра женска улога, бидејќи Деми Мур ги освои наградите на претходните доделувања – Златен глобус и „Critics‘ Choice“, па така се очекуваше дека и овој пат таа ќе ја добие наградата за најдобра актерка во филмот „Supstance“.
Режисерот на „Емилија Перез“ ѝ се заблагодари на контроверзната актерка
Филмот „Емилија Перез“ победи во категоријата најдобар филм кој не бил снимен на англиски јазик.
При прифаќањето на наградата, режисерот Жак Одриар ѝ се заблагодари на актерската екипа и на крајот од својот говор додаде: „Исто така ти се заблагодарувам и тебе, Карла Софија [Гаскон], те бакнувам“. Ова спомнување на актерката во говорот беше изненадување бидејќи Одриар претходно изјави дека нејзините навредливи и расистички твитови се „непростливи“ и дека тој не планира да разговара со неа.