Стивен Кинг се врати на Х: Упати навреди кон Трамп и Маск

Точка

22/02/2025

16:00

1.319

Големина на фонт

а а а

Светски познатиот хорор – автор Стивен Кинг, познат по комплексните и обемни романи, ја изненади јавноста со своето враќање на социјалната мрежа X. По неколкумесечна пауза, неговото враќање на Х го одбележаа две значајни објави.

Првата која ја напишал во негов карактеристичен стил гласела: „Се вратив! Ви недостасував ли?“.

Но, вистинската „бомба“ дошла само две минути подоцна, кога Кинг објавил остра критика упатена кон американскиот претседател Доналд Трамп и сопственикот на „Х“, Илон Маск, нарекувајќи го Трамп „предавнички обожавател на Путин“ и „гом*нар“, а за Маск важат истите зборови но двојно повеќе.

Инаку Кинг првично го напуштил X во ноември 2024 година, незадоволен од атмосферата на платформата, која ја опишал како „премногу токсична“.

Откако го напушти X, Кинг ги насочи своите следбеници на конкурентската платформа „Threads“, лансирана од Марк Закерберг.

Политички контекст

Критиките на Кинг доаѓаат во особено чувствителен политички момент. Трамп неодамна го назначи Маск за советник на Одделот за владина ефикасност (DOGE), иако Белата куќа нагласи дека Маск нема вистинска извршна моќ над одделот. Критиките на Кинг добиваат дополнителна тежина поради неодамнешниот разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, по што Трамп упати предупредување до украинскиот претседател Зеленски да „побрза“ со одбраната од руската инвазија.


Исто така Кинг и претходно ја критикувал улогата на Маск во администрацијата на Трамп, особено истакнувајќи го фактот дека Маск, роден во Преторија, Јужна Африка, не може да биде претседател на САД, иако, според мислењето на Кинг, тој ефективно „ја води претставата“.