Џејсон Момоа присуствуваше на концертот по повод 50-годишнината на „Saturday Night Live“ во Њујорк со неговата 12 години помлада девојка, актерката Адрија Арјона.
Ова беше нивно прво појавување во јавноста откако во мај минатата година беше откриено дека се заедно.
Jason Momoa and Adria Arjona made their red carpet debut at the “SNL50” concert in NYC on Friday. The couple looked happy, posing arm-in-arm. pic.twitter.com/QXvdpCvcM0
— Bipul Das (@BipulTweets) February 17, 2025
Адрија за овој настан избрала црн фустан кој го искомбинирала со црни потпетици и чанта, додека Момоа носеше фармерки, црна маица и кожна јакна.
Момоа, за кој велат дека повеќе не е згоден како порано, иако сè уште ја носи титулата најзгоден актер, во името на старите времиња, официјално беше во брак со актерката Лиза Бонет (57) од 2017 до 2024 година. Тие го делат старателството над нивните деца, 17-годишната ќерка Лола и 16-годишниот син Накоа-Волф.
Адрија зад себе има еден брак, во 2019 година се омажила за адвокатот Едгардо Каналес, биле заедно долги години пред свадбата, а не е познато кога се разделиле.
Врската со Арјона ја потврдил минатата година со објава на Инстаграм, кога бил во посета на Јапонија, а меѓу фотографиите беа и оние со новата партнерка.
„Многу сме им благодарни на сите што ги отворија своите домови, правејќи спомени со нови пријатели и стари пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со мојата љубов“, напишал актерот во објавата.