Нискокалорична диета базирана на внесување на ферментирани млечни производи, особено јогурт, стана вистински интернет феномен. Иако многумина веруваат дека ова е „чудесна“ диета која ги топи килограмите, нутриционистката Оља Мартиниќ објаснува дека тоа не е класична диета, туку краткорочна стратегија која има за цел да го подобри здравјето на цревната микрофлора.
Диетата со јогурт всушност не е строг план за исхрана, туку начин да ја балансирате цревната флора користејќи пробиотски јогурти. Иако често се поврзува со губење на тежината, вистинската моќ на оваа диета лежи во нејзината способност да го забрза варењето, да ги елиминира токсините и да го стимулира растот на здравата микрофлора во цревата. Свежите пробиотици како јогуртот можат да ја намалат желбата за слатки и да помогнат во контролирањето на внесот на калории, што е клучно за губење на тежината.
Експертите велат дека по само 3-4 дена од оваа диета се намалува желбата за нездрави слатки, а цревната флора почнува да се обновува. Со пробиотиците, телото подобро ги користи хранливите материи како што се калциумот и фосфорот, што позитивно влијае на целиот организам.
Нутриционистката Мартиниќ напоменува дека краткотрајното користење на оваа диета, еден до два дена во месецот, нема да им наштети на здравите луѓе. Јогуртот како млечен производ веќе покажува бројни здравствени придобивки бидејќи содржи млечна киселина која помага за подобро варење, ја подобрува цревната перисталтика и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи. Дополнително, јогуртот е подобра опција од обичното млеко бидејќи полесно се вари и е покорисен за луѓето со нетолеранција на лактоза.
Сепак, важно е да се напомене дека сè уште нема цврсти научни докази кои ја поврзуваат оваа диета со трајно губење на килограми.