Суданка избрана за модел на годината: Сосема случајно започнала да се занимава со манекенство, па ги покори модните писти

Кармин

07/11/2025

17:44

421

Големина на фонт

а а а

Манекенката Анок Јаи, според жирито на „The British Fashion Council“, е прогласена за модел на 2025 година. Оваа престижна награда ќе ѝ биде официјално врачена следниот месец.

Иако свеченоста „The Fashion Awards“ ќе се одржи дури на 1 декември, Британскиот моден совет направи исклучок и однапред објави која ја добила титулата „Модел на годината“.

„Голема чест е да бидам избрана за модел на годината. Моето патување — од Египет до Јужен Судан, а потоа до Соединетите Американски Држави — е приказна за отпорност и солидарност. Ова е почит кон сите што ја читаат својата приказна низ мојата. Ви благодарам што нè одбележавте со ова признание“, изјави Анок Јаи.

Жирито оваа година реши да не го следи традиционалниот систем со номинации на пет модели, туку директно да ја круниса победничката.

Анок Јаи е родена во 1997 година во Каиро, откако нејзиното семејство избегало од геноцидот во Судан. Кога имала само три години, со семејството се преселила во американската сојузна држава Њу Хемпшир.

Со модата започнала да се занимава сосема случајно, во 2017 година, кога фотографот Стив Хол ја фотографирал на Универзитетот Хауард. Фотографијата брзо се прошири на социјалните мрежи, а модните агенции веднаш почнале да ѝ нудат соработки.

Само четири недели подоцна станала првата Суданка што чекорела на ревијата на „Prada“. Оттогаш соработувала со бројни луксузни модни брендови, меѓу кои „Givenchy“, „Louis Vuitton“, „Burberry“ и „Versace“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk