Кој е потпретседателот на Америка, Џеј-Ди Венс: Трамп тврди дека има попаметна сопруга од себе, додека пак таа го подредила сиот нејзин живот нему

Точка

22/01/2025

22:42

5.605

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп го избра Џеј-Ди Венс за потпретседател на САД, по што тој и неговото семејство привлекоа големо внимание во јавноста. Неговата сопруга, 39-годишната Уша Венс, е најмладата втора дама во американската историја.

На веб-страницата на нејзината адвокатска канцеларија пишувало дека таа е „специјализирана за сложени граѓански спорови и жалби поврзани со високото образование, локалната власт и технолошкиот сектор“, но по инаугурацијата на Трамп, таа страница повеќе не постои. За време на церемонијата, Доналд Трамп ја спомна во својот говор и ја опиша како „единствената личност попаметна од Џеј-Ди Венс“.


Се венчале во 2014 година

Уша го запознала Венс во 2010 година, додека двајцата студирале право на Јеил, а се венчале четири години подоцна, по дипломирањето. Тие се родители на три деца, 7-годишниот Еван, 4-годишниот Вивек и 2-годишната Мирабел.

Венс ја смета за најголема поддршка

Венс во своите мемоари признал дека се заљубил во неа веќе по првата средба бидејќи „поседува неверојатни квалитети“. Како што рекол, Уша за него била катализатор за раст за него и таа „инстинктивно ги разбирала прашањата кои тој ниту сам не знаел да ги постави и секогаш го охрабрувала да бара можности за кои не ни знаел дека постојат“.


Во интервју со Мен Кели во 2020 година, тој рекол дека Уша ја презела улогата во неговиот живот која претходно ја играла неговата баба. „Јас сум еден од оние момци кои навистина профитираат од тоа што имаат силен женски глас преку рамо кој им вели: „Не го прави тоа, направи го ова“, изјавил тој своевремено.

Неодамна со својата изјава шокираше многумина

Неодамна, поради изјавата на потпретседателот на САД, тој и неговата сопруга се најдоа во центарот на вниманието. Имено, Венс беше запрашан дали неговата сопруга Уша преминала во католицизам од нејзината хиндуистичка вера. Тој објасни дека не, но дека нивното семејство сепак заедно оди во црква.


„Не. Таа не ја смени верата. Затоа се чувствувам лошо бидејќи, кога се омажи, не потпиша дека ќе оди во црква секоја недела. Таа има три деца. Се разбира, помагам и јас со децата, но бидејќи јас сум тој поради кој се оди во црква, таа има одговорност да се грижи за децата за време на мисата“, признал тој.


Коментарот на Венс дека „таа има три деца“ ги шокираше луѓето на социјалните мрежи. Во текот на оваа претседателска кампања тој постојано споменуваше дека децата се на неговата сопруга и имплицираше дека таа е одговорна да се грижи за нив, за што многумина јавно го осудија.