[ФОТО] Фустанот на Иванка Трамп е повеќе од мода: Луѓето масовно го коментираат

Точка

22/01/2025

18:17

2.468

Големина на фонт

а а а

Инаугурацијата на 47-ми американски претседател Доналд Трамп одамна заврши, но јавноста на социјалните мрежи не престанува да го коментира модното издание на Иванка Трамп.

Иако најголем дел од медиумското внимание беше насочено кон првата дама Меланија Трамп, вниманието на модните критичари го привлече гламурозната тоалета на ќерката на Трамп.


Креацијата во која се појави Иванка беше дизајнирана од познатата модна куќа „Живанши“, изработена од бел сатен со едноставен, но ефикасен крој кој ја истакна витката линија на Иванка.

Иванка Трамп – новата модна икона

Белата тоалета е инспирирана од креацијата од 1954 година во која се појави актерката и модна икона Одри Хепберн во филмот „Сабрина“.



Корсет фустанот се карактеризира со „overskirt“ изработен од свилена тафта и црната сатенска постава која беше видлива под самата креација.



На фустанот има и специфичен детаљ кој се наоѓа во пределот на градите, односно, цветниот вез во црна боја.

Повеќе од фустан

Иванка го дополни изгледот со долги црни ракавици, а инспирацијата за овој моден додаток, исто така ја пронашла во стилот на облекување на Одри во филмот „Појадок кај Тифани“.



Модното издание на ќерката на Трамп за инаугурацијата не претставува само оддавање почит на познатата актерка Одри Хепберн, туку и мал потсетник дека Иванка Трамп ја има улогата на модна икона во американското општество.