Шон Пен остро го искритикува Николас Кејџ: „Тој повеќе не е актер“

Точка

23/01/2025

17:00

869

Големина на фонт

а а а

Откако во средина на 1990-тите освои Оскар за неговата главна улога во филмот „Leaving Las Vegas“, Николас Кејџ брзо се сврте кон акционите филмови. Во текот на следните две децении, тој прифати различни акциони улоги, вклучително и онаа во филмот „Con Air“.

„Con Air“ на Сајмон Вест беше објавен во 1997 година. Овој филм, кој многумина го класифицираат како „толку лош што стана добар“, го следи спектакуларното бегство од затвор. Кејџ предводеше импресивна актерска екипа во која беа Џон Кјузак, Џон Малкович, Стив Бушеми и Винг Рејмс. Иако филмот беше донекаде апсурден, тој беше огромен комерцијален успех, со заработка од над 224 милиони долари на боксофисот.


И покрај финансискиот успех, колегата на Кејџ, Шон Пен, не беше импресиониран од неговата работа. Пен, кој оствари соработка со Кејџ во филмот „Racing with the Moon“ од 1984 година, отворено ја искритикува промената на насоката на кариерата на Кејџ.



„Ник Кејџ повеќе не е актер, тој повеќе е како изведувач“, изјави Пен.

Пен на тој начин алудира дека Кејџ се откажал од сериозното актерство и се свртел исклучително кон филмови дизајнирани за комерцијален успех. Меѓутоа неговите критика не застана тука. Во уште поостар коментар, за кој многумина претпоставуваат дека се однесува на „Con Air“, Пен изјави: „Ако постои нешто поодвратно во филмската индустрија, тоа е проституцијата на моите колеги“.


Николас Кејџ не остана рамнодушен на критиките на Пен. Во интервју за „Гардијан“, тој изјави дека се чини оти Пен посветува премногу внимание на неговата кариера. „Мислам дека тој премногу се занимава со мојата кариера. Јас баш и не размислувам премногу за она кое тој го прави“, одговори Кејџ.

„Шон има право на свое мислење, но за мене глумата отсекогаш била начин на изразување, во кој било формат. За мене акционите филмови се легитимен облик на изразување“, додаде тој.

Дали акционите филмови се „вистинска“ уметност?

Дебатата за тоа дали акционите филмови и блокбастерите се легитимна кинематографска уметност не е нова. Иако многу акциони филмови му даваат приоритет на комерцијалниот успех, тоа не значи дека им недостасува уметничка вредност. Култните филмови како „Die Hard“ и „Mad Max: Fury Road“ покажаа како акциониот жанр може да биде исклучително креативен.


Пен и Кејџ можеби не се согласуваат околу тоа каде „Con Air“ спаѓа во овој спектар, но страста на Кејџ за акциониот филм останува јасна. За него секоја улога, без разлика дали е во драма или во акционен филм, е начин да се изрази себеси и неговиот уметнички израз.