[ФОТО] „Може да ѝ биде татко“: Познатиот актер во врска со 29 години помлада студентка, мрежите распламтени со негативни коментари

Точка

23/01/2025

16:27

1.205

Големина на фонт

а а а

Се чини дека Дејвид Швимер (58), ѕвезда на култната серија „Пријатели“, има нова љубов во животот – многу помлада. Во неделата вечерта, 58-годишниот актер бил виден како излегува од ексклузивниот ресторан „Спаго“ во Беверли Хилс, пренесува „Дејли мејл“.

Во негово друштво била млада жена, која одела покрај него пред ресторанот познат по специјалитети како пица со лосос и зачинето тако со туна. Како што дознава „Дејли мејл“, станува збор за 29-годишна студентка по медицина во УКЛА и еврејска активистка Елијана Јолковски (29), која е делумно со корејско потекло, според податоците од нејзиниот инстаграм-профил.

По вечерата, Дејвид и Елијана заедно го напуштиле ресторанот и влегле во такси, а Швимер галантно ја отворил вратата за својата атрактивна придружба да влезе во возилото.


Меѓу бројните коментари бил и овој со кој се согласиле многумина: „Без никаков проблем може да ѝ биде татко“, напишал еден од корисниците на социјалната мрежа „X“.

Елиана на својот Инстаграм споделува многу детали од личниот живот. Како студентка по медицина, таа веќе имала можност да работи со трупови, вклучително и дисекции на дигестивниот систем, што таа вели дека го правела околу 2022 година. Ја интересира историјата на заедницата Мизрахи, редовно учествува на прославите на шабат и донира за помош на преживеаните од Холокаустот кои живеат во сиромаштија.


Покрај тоа, таа сака да пече колачиња со украси за специјални пригоди, а дома има и две мачки – Кен и Јонсе – чии фотографии често ги споделува на социјалните мрежи. Една од тие фотографии била дури и на нејзиниот мобилен телефон додека излегувала од ресторанот.


Во 2018 година, таа била во врска со маж по име Нејт Сендс, а нивните заеднички моменти, вклучително и фотографии на кои се бакнуваат, беа објавени и на Инстаграм.