[ФОТО] Српската инфлуенсерка свршеникот ја напуштил еден месец пред свадбата поради вишокот килограми – Денес таа е една од најпривлечните жени на социјалните мрежи

Точка

31/12/2024

18:01

6.017

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Милица Ѓукановиќ (29) свршеникот ја напуштил еден месец пред свадбата поради вишокот килограми кои тогаш ги имала.

Откако се случило тоа кај инфлуенсерката „проработел“ инаетот и себеси си кажала: „Сега треба да ослабеш. За осум до девет месеци ќе бидеш старата, насмеана Милица“ и така и беше.


Милица Ѓукановиќ сега си ја отвори душата и откри низ што поминувала, а проговори и за бившиот вереник, но и ги откри деталите од раскинувањето:

„Тој навистина не ме навредуваше како момче поради мојата тежина. Вистина е дека ме остави, ексклузивно сега откривам дека се слушнавме. Ми испрати порака и ми ја кажа причината за раскинувањето. Секако јас знаев дека причината за раскинувањето беше мојата телесна тежина. Тој рече дека е и поради здравјето, дека треба да бидам среќна, немаше причина да ми се извинува. Постојат нешта кои не сум ги раскажала, ниту има потреба да раскажувам. Сега кога ќе погледнам од оваа перспектива, да не го направеше тоа, којзнае што ќе се случеше со мене“, изјави Милица за „Hype“.


Таа се преполови за девет месеци

Потсетуваме, Милица се трансформираше за девет месеци. Имено, таа имаше 136 килограми, а успеала да ослабе 70. Инфлуенсерката раскажа дека на почетокот ѝ било тешко, а особено на тренинзите бидејќи веднаш почнала да вежба со голема тежина. Тогаш помислував: „Боже, не можам, ќе умрам“, а потоа гневот проработел и добила мотивација, која ѝ помогнала да ослабе и да ја доведе фигурата до совршенство.


Објавувајќи видеоснимки пред и по трансформацијата, Милица набрзо стана многу популарна на Тикток, каде што ја следат огромен број луѓе, а нејзините снимки во последниот период достигнаа милионски прегледи.