Организаторката на настани која соработува со славните ѕвезди, Марси Блум откри детали од планирањето на свадбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез, која на крајот беше откажана.
Во поткастот „The Skinny Confidential Him & Her Podcast“, Марси Блум раскажа дека Џенифер сакала познатиот музичар Бруно Марс да пее на нејзината свадба.
„Работевме со Џеј Ло и А-Род пред да раскинат и тие минуваа низ списокот на музичари, а потоа таа рече: „Што мислите за Бруно Марс?“, се присети Блум, која потоа откри колку пари бара Марс за настапи на свадби.
Блум ѝ кажала на Лопез дека неодамна соработувала со Бруно на друга свадба и дека тој добил огромни 5 милиони долари за да пее од 45 минути до еден час.
„Не биди смешна“, шокирано ѝ рекла Лопез.
Организаторката во поткастот објасни дека може да ги сподели овие информации без проблем бидејќи никогаш не потпишала договор за доверливост со Лопез и Родригез.