[ФОТО] Георгина Родригез блесна во црниот фустан со тантела на доделувањето на наградите во Дубаи

Точка

30/12/2024

09:57

5.655

Големина на фонт

а а а

Георгина Родригез во петокот се појави во придружба на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо на доделувањето на наградите „Globe Soccer Awards“ во Дубаи.

Таа со својот впечатлив фустан го привлече вниманието на присутните, меѓу кои беа фудбалерите Тибо Куртоа, Џуд Белингем и Ламин Јамал.



Родригез се одлучи за црн фустан со тантела и сатенски детали. Тесниот фустан имаше долги ракави, а Родригез носеше и црни потпетици. Покрај тоа, таа носеше ланче и обетки со жолти дијаманти и црна чанта „Hermes Birkin“ од крокодилска кожа.



Божиќ го прославија во Лапонија

Потсетуваме дека Роналдо и неговата партнерка Георгина неодамна објавија божиќни честитки на Инстаграм. Празникот го прославија со своите деца кај Дедо Мраз во Лапонија. Најважниот дел од Божиќ“, напиша Роналдо. Покрај тоа, тој сподели и семејна фотографија на која заедно со Георгина и децата седеа на маса, а сите беа облечени во исти пижами.


Инаку, славниот фудбалер е горд татко на пет деца – двегодишната Бела Есмералда, Алана Мартина, која ја роди Георгина Родригез во ноември 2017 година, близнаците Ева и Матео, кои се родени во јуни 2017 година од сурогат мајка и Кристијано Јуниор, за кој, се претпоставува, дека исто така го родила сурогат мајка во 2010 година.