Емотивна порака од сопругата на болниот Брус Вилис за годишнината од бракот: „Некогаш возбуда, денес тежина во стомакот“

Точка

31/12/2024

13:28

2.806

Големина на фонт

а а а

Актерот Брус Вилис и неговата сопруга Ема Хеминг ја прославија нивната 17-годишнина откако се заедно среде борбата на глумецот со деменцијата. По повод специјалниот ден, Ема се огласи на социјалните мрежи и призна дека чувствува „тежина“ на срцето.

„Порано годишнините ни носеа возбуда, сега, да бидам искрена, ги разбрануваат сите чувства и ми оставаат тежина на срцето и непријатно чувство во стомакот. Си давам 30 минути да седнам и да размислам зошто тој, зошто ние, чувствувам лутина и тага. Потоа го отфрлам сето тоа и се враќам на она што. А тоа што е е безусловна љубов. Се чувствувам благословено што го знам тоа чувство и тоа поради него. Сè би направила одново“, напиша таа на Инстаграм.

Покрај емотивниот опис, таа сподели и постара фотографија на која таа и Брус позираат во океанот.

Брус и Ема почнаа да се забавуваат во 2007 година, седум години по неговиот развод со Деми Мур. Се венчаа во 2009 година, а заедно имаат две ќерки, Мејбел и Евелин.

Вилис ги има и ќерките Румер, Скаут и Талула со Деми, со која беше во брак од 1987 до 2000 година. По разводот тие останаа во многу добри односи, а денес таа му е голема поддршка додека Вилис се бори со деменцијата.