Дали сте добар родител? – Филозофот вели: „За да го дознаете одговорот, поставете им го ова прашање на децата“

Точка

27/12/2024

14:31

1.343

Големина на фонт

а а а

Доколку понекогаш се прашувате дали сте добар родител, постои прашање кое секој родител може да му го постави на своето дете за да го дознае одговорот.

Во неодамнешната епизода од поткастот „20VC“ со водителот Хари Стебингс, филозофот Ален де Ботон зборуваше за тоа како родителите можат да дознаат дали воспитале дете со самодоверба поставувајќи му едноставно прашање: „Дали сакаш да бидеш славен (познат)?“


„Показател за добро родителство е тоа што вашето дете нема желба за слава“, вели Де Ботон.

Експертот објаснува дека децата кои не тежнеат кон слава имаат доволно внатрешна сигурност и не чувствуваат потреба за надворешно јавно одобрување, пишува „New York Post“.

„Тие не сакаат странците да ги познаваат“, додаде тој. „Тие се задоволни од тоа што ги познава помал круг луѓе кои вистински ги знаат и кои и тие самите ги познаваат“, додаде филозофот.


Де Ботон тврди дека луѓето кои се стремат кон слава се надеваат дека ќе стекнат почит и љубов преку нивната популарност. Меѓутоа, познатите личности често доживуваат спротивни чувства, како завист, несигурност и осудување.

Овие изјави поттикнаа бројни коментари од корисниците на Тикток. Некои се согласуваат со Де Ботон, додека други го критикуваат. Некои корисници изјавија дека никогаш не би сакале да бидат познати, други тврдат дека би сакале да бидат познати само поради богатството, а други сметаат дека во денешно време е нормално децата да сакаат да бидат познати.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk