[ВИДЕО] „Татко ми ме вози на работа, а имам 27 години“: Новиот тренд на генерацијата З поттикна расправа

Точка

20/12/2024

15:14

5.621

Големина на фонт

а а а

Откако неодамна беа објавени резултатите од новото истражување кои покажаа дека припадниците на генерацијата З (родени помеѓу 1997 и 2012 година) родителите честопати ги носат на интервјуа за работа, овие информации загрижија многу експерти. Од друга страна пак многумина млади започнаа нов тренд на Тикток во кој се фалат дека нивните родители ги возат на работа бидејќи, како што велат, на тој начин се чувствуваат побезбедни.

„Онаа кога татко ти те вози на работа“, напиша една девојка на видеото во кое таа е заедно со нејзиниот татко во автомобилот. Друга припадничка на генерацијата З исто така сподели видеото со опис: „Тато ми и понатаму ме вози на работа иако имам 27 години“.


Овој тренд, во кој родителите ги придружуваат возрасните деца до работното место, предизвика многу дискусии на социјалните мрежи.

Мислењата се поделени

„Како воопшто функционирате во животот?“, „Не можам да кажам дека ова не е слатко, но од друга страна е смешно. Пораснав во Њујорк во текот на 80-тите и прв пат се возев сам со воз на 13 години и ништо не ми се случи“, „Треба да бидете посамостојни“, беа дел од коментарите на луѓето кои сметаат дека младите треба да бидат понезависни.


Од друга страна, имаше и такви кои пишуваа дека нема ништо лошо во ова и дека во денешниот свет треба повеќе да се води грижа за децата. „Убаво е да се има ваква поддршка“, „Тоа го правеше и татко ми и денес сум му повеќе од благодарен за тоа“, „Ова е вистинска родителска љубов“, „Не разбирам зошто има лоши коментари, ова е преслатко“, напишаа тие.

Експертката тврди дека ваквото однесување на родителите може само да им наштети на децата

Експертката за кариера Тами Кристофис Балис изјави дека не е добро родителите премногу да се мешаат во работите на своите деца и дека веројатно заборавиле како е да се биде на таа возраст.


Таа рече дека разбира дека сите млади луѓе имаат голема трема пред запознавањето на директорите и други клучни луѓе во компаниите како и пред започнувањето со работа, но смета дека „не е нормално“ да ги носат своите родителите поради емоционална поддршка. „Секако дека ќе се чувствувате нервозни и несигурни, но сето тоа е дел од животот“, изјави Тами.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk