"Google" развива систем кој ќе ја преземе контролата над вашиот автомобил доколку сте лош возач

Точка

11/11/2024

13:43

1.610

Големина на фонт

а а а

Овој патент е вовед во подобра контрола на однесувањето на возачот.

Откако системите за асистенција навлегоа во полето на активната безбедност, но влијаеа и на начинот на возење на индивидуалните возачи, пристигна и автономното возење. Оттука започнаа првите проблеми со имплементацијата, па, како и електрификацијата, и овој тренд забави.

Долго време ќе гледаме возачи зад воланот, но тоа не значи дека не можат да се контролираат. Токму во таа насока оди и најновиот патент поднесен од "Google" преку сервисот "Waymo", дознава "Motor1". Станува збор за софтвер кој со користење на опремата во автомобилот би го следел однесувањето на возачот и по потреба би го коригирал.


Првата фаза би била собирање податоци со цел да се процени колку се добри вештините на возачот, односно колку добро го контролира возилото. Патентот го вклучува вториот дел, па според апликацијата долга 25 страници, може да влезе и во полето на „корективни дејствија“.

Покрај оние побаналните, во вид на аудио-визуелни предупредувања, постојат и опции за информирање на возачите во околината дека овој автомобил го управува возач кој не ги почитува сообраќајните правила. Конечно, софтверот може да ја преземе контролата врз управувањето на возилото.


Побезопасен аспект на софтверот би бил да се научи за стилот на возење на поединечниот возач. Потоа, во случај нешто да се промени, лесно ќе открие дека нешто тргнало наопаку. Со други зборови, системот за предупредување за напуштање лента ќе реагира само во случаи некарактеристични за поединечен возач, како што е ненадејна промена на насоката или престројување помеѓу ленти.

Има и друга идеја, а тоа е дека софтверот ќе служи исклучиво за собирање податоци кои потоа ќе се пренесуваат до заинтересираните страни, како што тоа веќе го прави со некои други апликации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг