Неколку совети за подготовка на возилото за зима

Точка

07/11/2024

11:14

4.672

Големина на фонт

а а а

Со почетокот на зимската сезона, покрај зимски пневматици неопходно е да направите комплетна подготовка на вашето возило за новата сезона.

Еве неколку совети како најдобро и најлесно да го направите тоа:

• Проверете го акумулаторот

Ниските температури го намалуваат капацитетот на акумулаторот, па ако тој е постар од три години, проверете го неговото полнење. Ако покажува послабо полнење, подобро е да го замените пред сезоната, бидејќи зимата дополнително го оптоварува.


• Проверете ги бришачите и течноста за шофершајбна

Видливоста е клучна за безбедноста, затоа заменете ги старите или оштетени бришачи и дополнете течност за шофершајбна која нема да замрзне на ниски температури.

• Проверете ги светлата

Кратките денови и зимската магла бараат добро осветлување. Проверете дали сите светла работат и по потреба заменете ги сијаличките за да имате јасна видливост, а за вие да бидете видливи за другите возачи.

• Проверете го антифризот

За да избегнете замрзнување на моторот, проверете го нивото на антифриз и дополнете ако е потребно. Идеално е да користите антифриз кој е наменет за температури до -30°C.


Иако дел од подготовката на возилото без проблем можете да ја направите и сами, ние препорачуваме тоа да им го оставите на професионалци кои покрај основните работи, ќе проверат и некои други и секако ќе ве советуваат најдобро за ваша безбедност на пат.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!



Спонзорирани линкови

Маркетинг