[ВИДЕО] „Овој автомобил би го преживеал и крајот на светот“: "Mercedes" и во деновите по поплавите пали "како од шега"

Точка

13/11/2024

13:55

1.521

Големина на фонт

а а а

Автомобилската заедница е воодушевена од видеото кое деновиве стана вирално и досега собра милиони прегледи, лајкови и коментари.

На видеото се гледа класичниот дизел "Mercedes W123" кој сопственикот го извадил од поплавената подземна гаража покриена со кал неколку дена по катастрофалните поплави во Валенсија, на сопствените тркала и со сопствениот мотор.

"Mercedes W123" се произведувал во Германија помеѓу 1975 и 1986 година.


За неговата издржливост сведочат бројни примери од целиот свет, а неодамна се појавија вести за "Mercedes 240 d W123" кој веќе поминал 7 милиони километри како такси.

Познат е и постар "Mercedes 240 d W114" кој поминал 4,6 милиони километри како такси во Грција пред да заврши во музејот на Мерцедес.


Мерцедесите од сериите "W114" и "W123", како и "W124" и "W210" со дизел мотори се познати како автомобили кои лесно можат да поминат милиони километри и се неуништливи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг