[ФОТО] Германците ги избраа најдобрите автомобили на годината: Што велите вие?

Точка

13/11/2024

18:34

1.810

Големина на фонт

а а а

Во присуство на лидери како што се извршниот директор на "VW" и шефот на "Mercedes", "Bild am Sonntag" и "Auto Bild" ја одржаа 48-та традиционална церемонија на доделување награди за најдобрите автомобили.

Годишната награда „Златен волан“ беше доделена во 14 главни категории, а и оваа година имаше неколку изненадувања.

Добитниците на Златниот волан за 2024 година ја рефлектираат различноста на модерниот автомобилски свет – од прифатливиот "Citroen e-C3" до моделот "Aston Martin Vantage", до "Tesla Cybertruck", кој доби награда во категоријата „најкул“ автомобили.


"Mercedes Drive Pilot" беше препознаен како особено иновативен и доби награда за иновација како пресвртница во автономното возење.

„Златен волан покажува каква голема технологија и иновации има во автомобилите. И покрај кризите и предизвиците, широкиот избор на победнички автомобили го докажува неограничениот потенцијал на модерните погонски единици и колку автомобилската индустрија може да постигне и покрај сите проблеми“, објасни Робин Хорниг, главен уредник на "Auto Bild" на доделувањето.


Врв на вечерта беше претставувањето на победниците во главните категории.

"Mini Cooper" ја обезбеди титулата најдобар мал автомобил, додека "VW Golf 8" уште еднаш ја покажа својата популарност во компактната класа. "Škoda Octavia RS Combi" се етаблира како најдобар модел од средната класа.

Во високата средна класа, победник беше "BMW 5 Series Touring". Исто така, "Porsche Taycan Turbo GT" доминираше во горната и луксузна класа, додека наградата за најдобар семеен автомобил отиде во рацете на "Peugeot e-5008". Ви носиме список на сите добитници, а вие пишете ни дали би промениле нешто и што.


Еве ја комплетната листа на победници:

Мал автомобил: Mini Cooper

Компактна класа: VW Golf

Средна класа: Škoda Octavia RS Combi

Висока средна класа: BMW 5 Series Touring

Горна/луксузна класа: Porsche Taycan Turbo GT

Спортски автомобил: Porsche 911 Carrera GTS

Семеен автомобил: Peugeot E-5008

Најубав автомобил на годината: Aston Martin Vantage

Најдобро половен автомобил: BMW Серија 3 (G20)

Најдобар автомобил под 50.000 евра: Opel Grandland

Најдобар автомобил под 40.000 евра: Kia EV3

Најдобар автомобил под 25.000 евра: Citroen e-C3/C3

Најкул автомобил: Tesla Cybertruck

Награда за иновација: Mercedes Drive Pilot




Спонзорирани линкови

Маркетинг