За сите кои планираат венчавка следната година: Ова е листата на најсреќни датуми во 2025

Точка

07/11/2024

19:39

3.059

Големина на фонт

а а а

Доколку планирате свадба во 2025 година и барате датум кој има посебно значење или верувате дека датумот на венчавката може да донесе среќа, просперитет и хармонија, оваа листа со најсреќни датуми за венчавка е полн погодок за вас.

Броевите имаат уникатна симболика во нумерологијата, астрологијата и филозофијата на Фенг шуи, а во 2025 година има неколку датуми со магични комбинации на бројки кои се идеални за паровите кои сакаат да внесат позитивна енергија во својот брак.


Во нумерологијата, одредени броеви како 11 и 22 се сметаат за мајсторски и ангелски броеви бидејќи имаат висока духовна вибрација и донесуваат увид, интуиција и внатрешна мудрост. Во продолжение проверете кои се најсреќните броеви за вас во следната година.

11 јануари 2025 година (сабота)

Со бројот 11 како главен мајсторски број и комбинацијата 111, овој датум претставува нови почетоци, манифестација и духовно будење. Совршено е за парови кои сакаат почеток полн со надеж и визија за иднината.


1 февруари 2025 година (сабота)

Почетокот на месецот секогаш носи некоја посебна енергија – идеална за брак. Оваа комбинација е исто така лесна за паметење, што е бонус за идните годишнини, а ги комбинира и бројот еден – кој означува почеток и бројот два – кој означува совршена хармонија.

22 февруари 2025 година (сабота)

Бројот 22, познат како градител на соништата, е идеален за долгорочна стабилност во бракот. Комбинацијата на бројот два дополнително ја зајакнува енергијата на рамнотежа и хармонија, совршени за партнерствата.


4 април 2025 година (петок)

Бројот четири носи стабилност и цврста основа, а двојниот број 4 ја нагласува безбедноста и издржливоста, идеални за животниот сојуз.

2 мај 2025 година (петок)

Уште еден датум кој лесно се памети и го симболизира почетокот на хармоничен брак, особено затоа што бројките се повторуваат. (2.5.2025)


25 јули 2025 година (петок)

Дополнителна забава во нумерологијата – збирот од 2+5 дава 7, што го прави овој датум среќен и посебен.

8 август 2025 година (петок)

Бројот осум во кинеската култура симболизира богатство и просперитет, па така овој датум е особено популарен за паровите кои сакаат просперитет во заедничкиот живот.


10 октомври 2025 година (петок)

Двојната десетка ја симболизира целоста и целосниот циклус на живот, совршени за почеток на бракот.

1 ноември 2025 година (сабота)

Уште еден датум со ангелскиот број 111. Тој носи нова енергија, манифестација и духовно будење, што е симболиката која инспирира многу парови за нов почеток.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk