Беспарица, кавги и разделби: На праг ни е ретроградниот Меркур, нема да има милост, а овие три знаци ќе бидат најмногу погодени

Кармин

08/11/2024

11:04

6.381

Големина на фонт

а а а

Во овој период, ретроградноста може да поттикне интроспекција и преиспитување на нашите верувања и животни цели.

Ретроградниот Меркур започнува на 26 ноември во знакот Стрелец и ќе трае до 16 декември 2024 година.

Многумина се чувствуваат непријатно при спомнувањето на рерогрден Меркур ретрограден, а најмногу ќе бидат погодени Стрелците, Близнаците и Девиците.


Оваа фаза може да биде предизвикувачка, бидејќи Меркур, како планета на комуникацијата и рационалноста, не функционира добро кај Стрелецот кој важи за филозоф и оптимист. Во овој период, ретроградноста може да поттикне интроспекција и преиспитување на верувањата и животните цели.

Можните ефекти на овој ретрограден Меркур вклучуваат:

Недоразбирања во комуникацијата: Можни се забуни и погрешно толкување на зборовите, особено кога се разговара за големи идеи.

Проблеми со патувањето: Бидејќи Стрелецот владее со патувањата, ретроградноста може да донесе одложувања и непредвидени ситуации.

Ревизија на идеалите и верувањата: Многумина ќе почувствуваат потреба да ги преиспитаат своите верувања и етички стандарди.


Насочување на енергијата: Овој период може да ги наведе овие знаци да се фокусираат на внатрешната работа, духовноста или образованието.

Се препорачува во овој период да не се донесуваат ненадејни одлуки или да се започнат нови проекти, туку да ги завршат старите обврски и да се работи сопствениот внатрешен развој, со поголема трпелива комуникација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk