Домашен путер од кикиритки: Како да го направите овој премаз со мед

Точка

13/11/2024

13:18

8.233

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубител на благите, јаткасти и кремасти премази, путерот од кикиритки со мед ќе биде полн погодок за вас.

Со само неколку состојки можете да го подготвите вашиот, домашен кикиритки путер, кој ќе го збогати секој оброк, и ќе биде одличен додаток на секое смути.


Состојки:

6 шолји печени кикиритки

¼ шолја мед

¼ шолја кокосово масло или друго растително масло


Подготовка:

Кикиритките ставете ги во блендер и мелете ги додека не станат ситни, потоа во блендерот додадете го медот. Продолжете да ја матите смесата додека кикиритките не се соединат со медот и додека смесата не стане мазна и кремаста, а потоа додадете го кокосовото масло. Доколку е смесата премногу густа, слободно додадете уште кокосово масло.


Кога ќе добиете компактна и кремаста смеса, префрлете ја во тегла и некој друг сад за складирање.

Путерот од кикиритки со мед може да се чува и до четири недели, под услов да стои на ладно и суво место, а во замрзнувач може да стои и до шест месеци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk