Овие три хороскопски знаци никогаш нема да ви „прогледаат низ прсти“, а од вас ќе бараат апсолутно сè

Точка

11/11/2024

16:34

7.591

Големина на фонт

а а а

Постојат хороскопски знаци кои се мајстори за барање прошка кога нешто ќе згрешат, но кога некој друг ќе им згреши нема да му дадат втора шанса. Овие хороскопски знаци се уверени дека нивните грешки се само мали човечки слабости кои заслужуваат разбирање, додека туѓите грешки ги доживуваат како сериозен прекршок.

Лав

Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и имаат голема потреба за одобрување, па кога ќе направат нешто погрешно, веднаш ќе се впуштат во изнаоѓање на шармантни изговори и ќе очекуваат да им се даде втора шанса.


Нивната харизма е толку силна што многумина се подготвени веднаш да заборават на сите недоразбирања. Но, кога некој друг ќе направи грешка, лавот станува вистински „крал на гордоста“, нивната доверба мора да се заработи и многу е тешко да се поврати. Можеби во себе ќе ви прости, но повремено ќе ве потсетува на предавството и ќе бара доказ за лојалност. Лавот верува дека неговата доверба е драгоцена и не ја споделува лесно, освен, се разбира, кога очекува другите да му „прогледаат“ низ прсти.

Девица

Девиците се познати по својата прецизност и високите стандарди, како за сите така и за другите. Кога девицата ќе згреши, многу брзо ќе се обиде да ја објасни ситуацијата и да ги потенцира причините поради кои нештото се случило, и секако ќе се надева на разбирање.


Меѓутоа, кога некој друг ќе биде во слична ситуација, девицата станува непопустлива и нема лесно да ја заборави туѓата грешка. Таа едноставно чувствува дека правилата се тука за да се почитуваат и дека нема место за грешки. Доколку некој ја предаде, тешко дека ќе има место во нејзиниот живот. За девиците, грешките на другите луѓе се непростлив доказ на невнимание, додека сопствените грешки ги доживува како човечки и верува дека заслужува втора шанса.

Скорпија

Скорпиите се неверојатно страсни и интензивни, па кога ќе згрешат имаат цела низа на оправдувања и очекуваат нивните сакани да им дадат шанса да се искупат. Нивните извинувања честопати се придружени со призвук на мистерија и убедувања, а тие навистина веруваат дека заслужуваат втора шанса. Меѓутоа, кога ќе се заменат улогите, скорпијата станува крајно недоверлива и тешко дека на некој ќе му даде втора шанса.


Грешките на другите ги доживуваат како знак на предавство и многу им е тешко повторно да ја изградат довербата. Скорпиите се познати по својата филозофија „сè или ништо“, па кога некој ќе ги повреди, подготвени се засекогаш да им ја „затворат вратата“. Меѓутоа, кога тие се оние кои згрешиле, искрено веруваат дека заслужуваат прошка и втора шанса бидејќи за скорпијата нејзината прошка е драгоцена, но ретка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk